Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Зулфиќар Зејнула стана нов министер без ресор во Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library0f87c6o3tca77Uqbqpw

Зулфиќар Зејнула е избран за министер без ресор во Владата, откако Собранието денеска му даде доверба со 67 гласа „за“. Против неговото именување гласаа 13 пратеници, а воздржани немаше.

— реклама —

Со ова именување официјално завршува реконструкцијата на Владата, иако сѐ уште не е соопштено кој ресор или кои надлежности ќе му бидат доверени.

— реклама —

Зејнула е лидер на Демократската партија на Турците, која на 10 јули склучи договор за политичка соработка со ВМРО-ДПМНЕ и стана дел од владејачката коалиција „Твоја Македонија“. По приклучувањето на оваа партија, пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ брои 59 пратеници.

— реклама —

Во своето обраќање пред пратениците, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека предлогот за Зејнула произлегува од определбата за пошироко политичко партнерство и заедничка одговорност во работењето на Владата. Тој нагласи дека институциите треба да бидат отворени за сите кои можат да придонесат со своето знаење и искуство, независно од нивната политичка или етничка припадност.

— реклама —

Новиот министер без ресор во периодот од 2021 до 2024 година ја извршуваше функцијата заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Претходно бил советник во Општина Гостивар, а работел и во правниот сектор на Демократската партија на Турците. По образование е дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања