Татјана Димитровска од Државниот завод за ревизија е предложена да раководи во наредните пет години со Државната комисија за спречување на корупцијата. Таа според собраниската Комисија има големо искуство во борба со спречување на корупција и дала одлични одговори. Тие кои се сметаа за фаворити, добија послаби оценки и нема да предложени во новиот состав.
Од позвучните имиња кои се сметаа за фаворити, е досегашниот член на ДИК, Борис Кондарко, кој доби 40 поени, за разлика од 76-те на Димитровска. Слабо рангирана е и поранешната разрешена судијка, Татјана Михајлова која според комисијата има делумно јасна визија за работата на ДКСК. Иста оценка има и адвокатот Кирил Ковчегарски на кого членовите на комисијата му забележаа дека има партиска поврзаност, исто како и на Борис Кондарко. Преодна оценка не доби ниту поранешниот обвинител, Бодан Лазарвски, како и поранешниот претседател на државната Комисијата за јавни набавки, Маја Малахова.
Од звучните имиња за кои се зборуваше во јавноста, зелено светло не добија адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, како и новинарот Даут Даути кој беше член на лустрациската комисија.
Најслабо рангиран, со само 9 поени е Јован Јовчевски.
Во новата комисија, ќе влезе Софија Спасова-Медарска, сопруга на адвокатот Филип Медарски, кој за потсетување, беше еден од бранителите на експремиерот Зоран Заев. Со највеќе освоени бодови за членови се предложени ревизорите Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во ДКСК Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи и Сервет Демири од ревизијата на претпристапната помош за ЕУ.
Интервјуирани беа 41 кандидат. Во 2019 година беа интервјуирани 57 кандидати од кои за претседателка беше избрана Билјана Ивановска, а за членови Горан Трпеноски, Нури Бајрами, Софка Пејовска-Дојчиновска, Катица Николовска, Шемси Салаи и Владимир Георгиев.
За да предложените членови на ДКСК бидат избрани, треба да бидат изгласани на пленарна седница.
Ревизорката Татјана Димитровска предложена за нова претседателка на ДКСК, ревизори судијка и антикорупционери за членови
По три дена интервјуирање и четири дена бодување, синоќа пред полноќ беше објавена ранг-листата за избор на нови членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Со највеќе освоени бодови на врвот на листата е ревизорката Татјана Димитровска, која комисијата ја предлага за претседателка. За членови се предложени ревизорите Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во ДКСК Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи, судијката Софија Спасова-Медарска и Сервет Демири од ревизијата
Македонија | пред 2 години