Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ЗХГ бара јавна расправа за луна паркот: Треба да се задржи во неговите постојни граници, да биде парк за деца, а не евтин Дизниленд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-libraryg8867009s0gpcDfL5Fc

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ реагира на плановите за изградба на Луна парк во средината на Градски парк Скопје, предупредувајќи дека проектот би можел сериозно да ја наруши природата и биодиверзитетот во паркот.

„Од моментот кога се почнати првите активности за обнова на Луна паркот до денес се сменија 4 градоначалници и помина повеќе од една деценија, ама исклучувањето на јавноста остана константно.

Се чувствуваш ли дека имаш глас во одлуките што ги носи Градот? Дека твоето мислење може да ги обликува политиките што го обликуваат Скопје?

Скопјани сакаат Луна парк, ама ги прашал ли некој КАКОВ и КОЛКУ ГОЛЕМ Луна парк сакаат?

Ги прашал ли дали сакаат да ја наруши тој Луна парк основната функција на Градскиот парк - зелено прибежиште во изразено загаден град?

— реклама —

Замислете некој да се осмелеше да стави луда железница како во Дизниленд сред Централ парк во Њујорк?

Континуираната изградба, осветлувањето, големиот пешачки и автомобилски сообраќај и механичката бучава од реквизитите и луѓето кои ќе ги користат во текот на целата година би ги нарушиле природните живеалишта, би ги избркале птиците и животинките кои се во паркот!

— реклама —

Поставувањето Луна парк со големи механички реквизити и возења во средината на Градскиот парк Скопје сериозно ќе го оштети биодиверзитетот на областа. Природните екосистеми зависат од стабилност, ниски нивоа на бучава и минимално човечко вознемирување.

Луна паркот има голема сентиментална вредност како место за спомени, дружење и рекреација на генерации скопјани. И тоа и мора да остане! Да се задржи во неговите постојни граници, да биде парк за ДЕЦА, а не евтин Дизниленд. Стариот Луна парк беше направен исклучиво за деца до 10-годишна возраст, а не за возрасни.

Бараме итно да се организира јавна презентација на проектот и јавна расправа. Не може крупни проекти со потенцијал за штетни последици да се решаваат зад затворени врати“, велат од Зелен хуман град.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library07vabp3t62h00muycbd

(Видео) Градот Скопје ќе го помогне оркестарот на „Орце Николов“ за настапите во Њујорк

Скопје | пред 13 часа

media-library7fp0jfgormbn3hWK3Da

(Видео) Избеганиот Дорчо се најде со сопственичката, откако трчаше по скопските булевари

Скопје | пред 6 дена

media-libraryhodacqm1ac996HPQi0R

(Фото) Комунална ги исчисти хартиите расфрлани на патот кон Градиште, паднале од возило на фирма

Скопје | пред 2 седмици

media-library5e7huf074neqeEn1FI6

(Видео) Куп листови расфрлани на булеварот од Кисела Вода кон Драчево

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања