Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ЗХГ: БРТ не смее да ги уништи „белите дробови“ на Скопје и да го доведе во ризик водоснабдувањето од Рашче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-libraryr88737eo7sl07CQrx3O

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски пред неколку дена информираше дека кредиторот ЕБОР официјално го одблокирал проектот за БРТ кој е направен во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов, предвидува првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче да минува низ средишната жардиниера на булеварот Партизански одреди, каде се наоѓа главната водоводна цевка во градот.

На ова реагираа од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ), кои се против трасата да минува низ средишното зеленило бидејќи треба да се сечат дрвја.

— реклама —

„Орце Ѓорѓиевски изјави дека проектот за БРТ за кој се земени кредит од ЕБОР од 70 милиони евра без да бидат прашани скопјани, морал да се продолжи како решение. Не е вистина дека мора да се изведе проектот како што е зацртан и да се дозволи уништување на 7.000 дрвја и грмушки во еден од најзагадените градови во светот.

Истата банка ЕБОР во минатото сакаше да даде кредит на МК и за изведба на експресен пат сред национален парк Галичица со што ќе се дозволеше уништување на паркот и благодарение на #ОхридSOS, тој девастирачки проект се запре. Сега пак ни се заканува уништување на белите дробови на #Скопје кое мора да го спречиме!

— реклама —

Многу едноставно и поевтино може да се направи БРТ со издвојување на десна лента од постоечките сообраќајни ленти, без да се чепка средишното зеленило, да не дозволиме ново уништување и блокирање на градот кое ќе трае со години!

— реклама —

Да не заборавиме дека под средишното зеленило проаѓа главната цевка со која се снабдува цело Скопје со пивка вода од Рашче - инфраструктурен објект од непроценливо економско и стратешко значење кој не смее никој да го доведува во ризик, уште помалку за свој личен каприц, додека постојат алтернативи да се постигне истото без ризик“, велат од Зелен хуман град.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 1 седмица

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-library6pfv0i87ni0ncRn4li1

Скопје девет дена ќе биде европски центар на танцот - Започна IDO European Dance Championship 2026

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања