Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„10 години тишина и игнорирање“: Синот на Есма, Симеон, се огласи со остра порака

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 часа -

Македонија
esma-redzepova-1439387826-65364

На денот кога Есма Реџепова-Теодосиевска ќе го прославеше својот 83. роденден, нејзиниот син Симеон Атанасов јавно го отвори прашањето за судбината на наследството што го остави легендарната пејачка.

Атанасов упати критики до институциите поради, како што вели, долгогодишното молчење и негрижа.

— реклама —

„Денес ја потсетуваме државата дека постоеше Есма Реџепова-Теодосиевска. Жена која ја претставуваше Македонија низ целиот свет, која одгледа и воспита 48 деца и целиот свој живот, труд и музичко богатство го остави на оваа држава“, напиша тој.

Според Атанасов, веќе 10 години нема доволно грижа и јасен одговор за нејзиното наследство. Тој посочува дека тој и другите деца не биле дел од тестаментот и повика медиумите јавно да прашаат што се случува со имотот и наследството на Есма.

— реклама —

„Молкот веќе не е опција. Ако ја заборавиме Есма, тогаш сме се заборавиле и самите себе“, порача Атанасов.

— реклама —

Есма е родена на 8 август 1943 година во Скопје, а почина на 11 декември 2016 година. Во кариерата подолга од пет децении одржа илјадници концерти низ светот, а повеќе од 2.000 од нив биле со хуманитарен карактер.

— реклама —

Покрај музиката, Есма беше позната и по хуманитарната работа. Таа и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски се грижеле за 48 деца. Во 2013 година Есма беше прогласена за национален уметник, а истата година ја претставуваше Македонија на Евровизија со Влатко Лозаноски.

По нејзината смрт, во јавноста повеќепати беше отворено прашањето за состојбата со нејзиниот дом и музеј.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања