Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Синот на Есма Реџепова со реакција за наследството: „Не ги обвинувајте децата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
esma-redzepova-1439387826-65364

Симеон Атанасов, едно од 48-те деца што ги одгледала Есма Реџепова, реагираше на коментарите во јавноста во кои децата се обвинуваат за состојбата со куќата и наследството на легендарната пејачка.

Во објава на Фејсбук, Атанасов појаснува дека по смртта на Есма, децата што таа ги одгледала немале пристап до куќата, ниту можност да одлучуваат за имотот.

„Ние не сме нејзини биолошки наследници и немавме право да одлучуваме за имотот. Но тоа не значи дека не сме биле нејзини деца. Напротив. Таа беше нашата мајка по сè што направи за нас“, наведува Атанасов.

— реклама —
— реклама —

Тој реагира на прашањата што во јавноста се упатуваат кон 48-те деца за тоа што направиле за Есма и вели дека тие направиле сè што можеле како нејзини деца, но не биле во позиција да управуваат со нејзиниот имот.

Атанасов во објавата поставува прашања за тоа кој имал клуч и пристап до куќата, кој одлучувал за имотот и каде се предметите што се наоѓале во неа.

— реклама —

Според него, одговорноста за наследството треба да се бара кај оние што имале право и можност да постапуваат со имотот, а не кај децата што Есма ги одгледала.

„Не ги обвинувајте децата за нешто за кое немале ниту пристап ниту моќ да одлучуваат“, порача Атанасов, додавајќи дека за него Есма засекогаш ќе остане „наша мајка, наша Кралица и наша легенда“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

esma-redzepova-1439387826-65364

„10 години тишина и игнорирање“: Синот на Есма, Симеон, се огласи со остра порака

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања