Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

101 неправилност при контрола на товарни возила, 25 возила исклучени од сообраќај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryvb1696v4qk7262H79a6
Фото: ФБ / МВР

Во акциската контрола на товарни возила спроведена на 28 октомври на територијата на Македонија, полицијата утврдила 101 неправилност, поради што од сообраќај биле исклучени 25 возила.

— реклама —

Контролата ја спровел Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 9 до 14 часот. Биле опфатени вкупно 781 возило, од кои 92 биле упатени на технички преглед.

— реклама —

Проверките биле насочени кон откривање претовар, неправилно сместен и необезбеден товар, технички неисправни возила и неправилен превоз на лица. Биле контролирани и возила што се вклучуваат во сообраќај од земјени патишта, градилишта и други површини, при што нанесуваат кал на коловозот.

— реклама —

Во рамките на акцијата биле евидентирани и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Дополнително, полицијата констатирала уште 219 прекршоци од друг вид.

За сите утврдени неправилности се преземени соодветни законски мерки. Од МВР најавуваат продолжување на акциските контроли и апелираат до возачите и превозниците да ја почитуваат регулативата, да ја одржуваат техничката исправност на возилата и правилно да го сместуваат и обезбедуваат товарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

17-годишник тешко повреден при пад со електричен тротинет, повреден и 15-годишен сопатник

Македонија | пред 14 минути

— реклама —
media-libraryssjfm1762v79a5Y15uk

Работник повреден откако со камион се превртел во канал на градилиште на Коридор 8

Македонија | пред 17 минути

media-libraryg8r4fkifn4v46H1SKm3

Се трага по 27-годишен тетовец, исчезнал откако заминал од работа

Македонија | пред 19 минути

media-libraryvdtsr1mrueh59fJtUVf

Романски државјанин приведен на влез во Македонија, во багажот му пронашле марихуана и ЛСД

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања