Митева со осуда кон насилството врз младата девојка од Охрид, очекувам итно дејствување од ЈО без одолговлекување
Портпаролката на Владата, Марија Митева, остро го осуди насилството врз младата девојка во Охрид и побара итна реакција од Јавното обвинителство.Таа очекува случајот да биде целосно расчистен, без одолговлекување, и да има соодветна разрешница.„Насилството е недозволиво, нема оправдување, ниту смее да има премолчување или релативизирање. Очекувам Јавното обвинителство да дејствува итно, без одолговлекување. Случајот мора целосно да се расчисти и да има правда“, порача Митева.
Македонија | пред 21 минута