Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пак е приведен Кристијан Корабоски од охридската полиција, можно е да се бара притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryv2n57s1mv8jd2EGs8EB

Полицијата потврди ново лишување од слобода на осомничениот Кристијан Корабоски за бруталното насилство врз Сара Ѓ. од Охрид.

„Лишен е од слобода, се очекува да биде донесен во СВР Охрид“, изјавија од охридската полиција за „Скопје1“.

— реклама —

Според нашите информации, не се исклучува можноста во натамошната постапка да биде поднесено и барање за притвор, но такво барање засега не е официјално потврдено.

Во јавноста се ширеа информации дека е сменет обвинителот оти имал релации со семејството на осомничениот, но обвинителството негира.

— реклама —

Претходно, обвинителот што постапуваше во случајот побара мерки на претпазливост, кои Основниот суд во Охрид ги прифати. На Корабоски му беше забрането да ѝ се приближува на Сара Ѓорѓиевска на растојание помало од 50 метри, му беше одземен пасошот со забрана за издавање нов, а беше задолжен и секој втор понеделник да се јавува во судот.

Притвор тогаш не беше побаран.

— реклама —

Како што претходно објавивме, Сара Ѓорѓиевска заврши во болница по физички напад, а според неофицијалните сознанија, била претепана во автомобил и оставена на улица пред маркет во Охрид.

Обвинителството првично информираше дека постапката се води за кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 од Кривичниот законик.

— реклама —

Од Јавното обвинителство претходно соопштија дека ОЈО Охрид постапува итно и дека се преземаат сите дејствија за целосно испитување на настанот.

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Осомничениот насилник кој ја претепа Сара имал 1,29 промили алкохол во крвта

Нови детали излегоа во јавноста за бруталниот напад врз 26-годишната девојка од Охрид. Кај 31-годишниот К. К., против кого е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда при семејно насилство, биле измерени 1,29 промили алкохол во крвта, а полицијата формирала посебен тим за целосно расчистување на случајот.Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на денешната прес-конференција соопшти дека веднаш по пријавувањето биле преземени оперативни мерки и активности за утврдување на сите околнос

Македонија | пред 2 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8c4k32nu0mnp08p35CV

(Видео) Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

Македонија | пред 10 минути

— реклама —
media-library5lddvuj7ps7tf2MrXQg

Објавија „Охриѓани“: Семејството на претепаната Сара бара да се откаже утрешниот протест

Македонија | пред 32 минути

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Осомничениот насилник кој ја претепа Сара имал 1,29 промили алкохол во крвта

Македонија | пред 2 часа

media-libraryvb16vbkvgdmm767g1kR

Форумот на жени на СДСМ утре на протест во Охрид: Доста е молк, доста е неказнивост, доста е заштита на насилниците

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања