Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Под мотото „Охрид не молчи! Доста е!“ граѓаните во Охрид излегуваат на протест против насилството врз жените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 29 минути -

Македонија
media-libraryg1hgptt31372bQ9t6rc

Со порака дека е доста од молчење, оправдувања и институционално непостапување, во Охрид за 21 ноември е најавен мирен граѓански протест против фемицидот, родово базираното и семејното насилство.

— реклама —

Протестот ќе се одржи во сабота, од 12 до 14 часот, под мотото „Охрид не молчи! Доста е!“. Повод за собирот се загриженоста и револтот поради насилството врз жените, но и неодамнешниот случај што ја потресе охридската јавност и потсети дека насилството може да се случува и во непосредната околина.

Учесниците ќе се соберат на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, по што поворката ќе продолжи низ Охридската чаршија до СВР Охрид, ќе се движи по булеварот „Македонски просветители“ и ќе заврши пред Основниот суд во Охрид.

— реклама —

Организаторите бараат поголема заштита на жртвите, одговорност од надлежните и конкретни промени во справувањето со насилството.

— реклама —

„Преку глава ни е од молк, оправдувања и институции што не реагираат навреме. Бараме заштита, одговорност и конкретни промени. Не сакаме да чекаме да биде предоцна!“ порачуваат од иницијативата.

Под слоганот „Охрид не молчи! Доста е!“, граѓаните се повикуваат да излезат и да испратат јасна порака против насилството и институционалното непостапување.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6kqnd24d5epb4gU7pqe

(Видео)„Не нè интересираат партии, дојдовме да бараме правда“, рече жена од Охрид, придружувана од бабата на Сара која беше жртва на насилство

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryms3v7gfo4rg23VsAW3D

„До кога?“ и „Правдата нема партиско знаме“ – пораки од протестот пред полицијата во Охрид од жените во СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarydmeuj483q08u54CHn1D

На 27 ноември почнува судењето против Кристијан Корабоски, обвинет за претепувањето на Сара

Македонија | пред 1 ден

media-libraryb7c3pj5571pk3HvU6MX

Јанев за случајот со насилството во Охрид: Внатрешната контрола работи, а полицијата продолжи да обезбедува докази

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања