„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

107 ма владина седница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
vlada-slika

На 107-та редовна седница на Владата на Република Македонија што ќе се одржи на 11 декември, ќе се најде информацијата „Среднорочна програма за измена и дополнување на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година“, на предлог на Фондот за иновации и технолошки развој.

— реклама —

На оваа седница на владата ќе биде презентирана информацијата за потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора, за заедничка реализација на проектот за чистење дворните површини ОХИС, во Скопје.

Министерството за правда на утрешната седница на владата ќе ги достави на расправа и одлучување Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог-законот за извршување на санкциите, Предлог-законот за прекршоци, како предлози на Министерството за правда.

— реклама —

На предлог на истото министерство, членовите на Владата на РМ ќе ја разгледаат и информацијата со анализата за примената на Законот за правда за децата, за период јануари - јуни 2018 година.

На оваа 107 седница на владата ќе се презентира и информацијата за Акциски план на Националната стратегија за сајбер безбедност 2018-2022, како и информацијата за отпочнување на постапката за формирање на Агенција за квалитетот во високото образование, што ја предлага Министерството за образование и наука.

На оваа своја седница владата ќе се произнесе и по предлог-одлуката за изменување на Одлуката за намалување на цената на становите во општествена сопственост.

Членовите на Владата на РМ ќе одлучуваат и по предлог - одлуката за основање на Јавно претпријатие колекторски систем.

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, владата утре ќе расправа и за предлог-одлуката за изменување на Одлуката за формирање на Дигитален форум за информатичко комуникациски технологии, како и за предлог-решението за назначување на членови на дигиталниот форум за информатичко комуникациски технологии.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања