„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

112-та седница на Влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
vlada-1

На предлог на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната седница ќе биде разгледана Предлог - програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

— реклама —

Министерството за локална самоуправа за оваа седница предложи повеќе точки меѓу кои и Предлог - програмата за изменување на Програмата за рамномерен регионален развој во 2018 година, Информацијата со барање за измена на Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2018 година, со Предлог – одлука, како и Информацијата со барање за измена на Одлука за доделување средства за финансирање на проекти за развој на селата во 2018 година, со Предлог – одлука.

На оваа седница на Владата на РМ ќе биде разгледана и Информацијата за усвојување на Национална транспортна стратегија 2018-2030, додека пак на предлог на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, на седницата ќе биде презентирана Информацијата за потпишување Меморандум за соработка со Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за реализација на проектот „Носење промени - добро управување и ефективност во јавната администрација“.

— реклама —

Од Канцеларија на Претседателот на Владата на РМ, за оваа 112-та седница доаѓа Информацијата за формирани работни групи по кластери за подготовка на Националната стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализам.

На денешната седница на Владата на РМ ќе се најдат и повеќе други точки од интерес на граѓаните и од Програмата за работа на Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања