Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

13-годишниот Коста од Богданци освои злато на светскиот натпревар „Математика без граници“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryuiqlk5u15cn1dxNRvWB

Тринаесетгодишниот Коста Попристовски од Богданци постигна извонреден меѓународен успех, освојувајќи златен медал, прво место и победнички пехар на престижниот натпревар „Математика без граници“, кој се одржа во Несебар, Бугарија.

— реклама —

Младиот математички талент триумфираше во категоријата „Ludoviko Ferari“, оставајќи зад себе силна конкуренција од ученици од дури 42 држави и искачувајќи се на највисокото место на победничкиот пиедестал.

— реклама —

Коста е ученик во ООУ „Петар Мусев“ во Богданци и веќе е препознатлив по бројните успеси што ги има освоено на државни и меѓународни натпревари по математика, физика и шах.

— реклама —

Со овој резултат, тој уште еднаш покажа дека македонските ученици можат рамноправно да се натпреваруваат и да победуваат на најголемите меѓународни натпревари.

— реклама —

Честитки за Коста Попристовски за извонредниот успех и за достојното претставување на Македонија на меѓународната сцена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydndrt9on4snacpK42Iq

Вештачката интелигенција им помага на најдобрите математичари во светот

Технологија | пред 2 месеци

— реклама —
media-librarylp8hmnankcui8ZROEXG

Младиот математички талент Македон Димитровски освои два златни медали во Германија

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryq63dlabsffm302ED9lG

Македонскиот математички гениј Македон Димитровски освои златен медал во Германија

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања