Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

13 лица приведени во пет градови, полицијата заплени марихуана, прашкасти материи и таблети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryk5himr30995mdGsvcm8

Вкупно 13 лица на возраст од 18 до 46 години биле лишени од слобода на различни локации во Скопје, Прилеп, Демир Капија, Боговиње и Штип, откако кај нив биле пронајдени марихуана, прашкасти и грутчести материи, таблети и предмети со прашкаста содржина, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Акциите биле спроведени на 30 и 31 октомври 2026 година.

— реклама —

Во Скопје, полициски службеници лишиле од слобода осум лица на возраст од 18 до 46 години, како и едно лице од населбата Илинден, скопско. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја.

— реклама —

Во Прилеп, затворската полиција при извршен преглед на осудено лице пронашла прашкаста материја, повеќе таблети во различни бои и предмети со прашкаста содржина.

Во селото Боговиње бил лишен од слобода 44-годишен жител на селото Пирок, откако кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица.

— реклама —

Во Демир Капија, полицијата привела 29-годишен жител на селото Корешница, кај кого при преглед биле пронајдени бела прашкаста материја и таблета. За случајот бил известен јавен обвинител.

Во Штип, пак, бил лишен од слобода 26-годишен скопјанец. Полициските службеници забележале дека користи марихуана, по што тој го фрлил отпушокот, кој бил пронајден и одземен.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

izletal-od-pat

„Мерцедес“ излетал од автопатот кај Трубарево и завршил во двор на куќа, двајца тешко повредени

Скопје | пред 1 час

— реклама —
pistol

Го оставил незаклучено товарното возило во Чаир, па му го украле пиштолот

Скопје | пред 1 час

media-libraryidp924v7036ad0oOuSa

Го оставила кучето без надзор на улица, тоа каснало жена – кривична за 35-годишна кратовчанка

Македонија | пред 1 час

media-libraryse7ug29uns83avQAsGG

Жена повредена откако лице фрлало камења кон неа во Ѓорче Петров

Скопје | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања