13 сообраќајки во Скопје, едно лице почина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
soobrakajka1-1

Еден пешак загинал, три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а шест лица со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди од вкупно 13 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Материјална штета е причините во четири сообраќајни незгоди.

— реклама —

Полицијата, според податоците на Министерството за внатрешни работи, од сообраќај исклучила 28 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 17 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници.

Казнети се и 13 возачи за технички неисправни возила, 12 за нерегистрирани возила, како и 101 возач за непрописно паркирање. Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 79 возила.

— реклама —

Полицијата евидентирала и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 12 кои поминале коловоз на црвено светло, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, четворица за некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, седум за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 за користење мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања