13-то издание на најградскиот урбан фестивал Пиволенд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
pivo-1

Од 16-ти до 19-ти октомври со почеток од 18 часот, среда, во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи 13-тото издание на најстариот и единствен градски пивски фестивал Пиволенд.

— реклама —

Фестивалот кој се одржува од 2009-та година ќе понуди повеќе од 30 разновидни брендови на пива, со повеќе од 100 видови, индустриско и занаетчиски пиво од Македонија, балканот и светот, вкусна храна и мезе како и повеќе од 30 музички групи, артисти и диџеи. Предвидена е и детска програма во Сабота кога и фестивалот започнува порано од 12:00 часот, а на сцената ќе свират млади бендови од училиштата Ентерпрајз и Мјузик Лаб.

— реклама —

— реклама —

Четири дена Скопје ќе пулсира во ритамот на македонската музичка сцена, рокенрол, реге, поп, блуз, панк, метал и хип хоп, кавер бендови, млади бендови на една сцена со една мисија да го направат 13-тото издание незаборавно.

Легендите на македонската панк музика Бадмингтонс, Морал, Паркети, Куку Леле, ска панк легендите од Бугарија - Викеда, Бело Копче - трибјут на Бело Дугме, Д ДАЛТОНС, Пичвајз, Занаду, Деменси, Огнен Здравковски, Гуру Харе Бенд, Диџеј Славе се само дел од имињата кои ќе ги забавуваат скопјани и другите посетители.

Тоа што го одвојува и го прави посебен Пиволенд е неговата инклузивна и хуманитарна страна, посебниот градски шарм и вклученоста на сите генерации и вкусови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FB_IMG_1729070340630

Од денеска до сабота - Пиволенд по тринаесети пат во Скопје

Магазин | пред 1 година

20818949_1501000679965381_507792792927519963_o

Од среда до недела има „Пивленд“ во Скопје, со три сцени и над 50 музичари

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања