Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

14 години од најтрагичната вест за смртта на најголемата ѕвезда Тоше Проевски!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
47694709_2149363498709113_5540999920202399493_n-e1601895680729

Една од најголемите македонски музички ѕвезди на денешен ден во 2007 година трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на само 26 години. Тоше зад себе остави големо музичко наследство, кое и денес како во Македонија, така и низ целот Балкан редовно се слуша.

— реклама —

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но, албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

— реклама —

— реклама —

Во чест на Тоше, како и во изминатите години, така и оваа ќе трчаат десет маратонци кои денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење. Поради пандемијата на коронавирусот годинава маратонот се одржува само на територијата на нашата држава, од преминот Табановце, преку Скопје до Крушево.

Во негова чест двајца претставници на маратонците ќе истрчаат 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе во спомен на Тоше.

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажа уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде што испеа песна на влашки јазик.

Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски и хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања