14-годишник од Камењане се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола над електричен тротинет и паднал.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 28 септември во 15:50 часот во СВР Тетово. Малолетникот управувал со електричен тротинет во селото Камењане кога изгубил контрола и паднал.
При падот тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.