14 приведени во Тузла по нападот на навивачи на Црвена звезда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Спорт
media-libraryfqo7r5bp3vhecQCGouZ

Портпаролот на Јавното обвинителство на Тузланскиот кантон, Адмир Арнаутовиќ, изјави дека 14 лица, уапсени по нападот врз навивачи на Црвена звезда во Тузла, се предадени на надлежност на Јавното обвинителство на кантоналното ниво.

— реклама —

Арнаутовиќ појасни дека меѓу приведените има 11 државјани на Хрватска и три државјани на Босна и Херцеговина, осомничени за кривично дело учество во група што извршува кривично дело.

Според неговите зборови, нападот се случил во саботата околу 22 часот во Горни Дубрави, во близина на Меѓународниот аеродром во Тузла, кога група навивачи што се враќала од Малме во Шведска била нападната со дрвени и метални шипки, при што повеќе од 20 лица се повредени, од кои четири со тешки телесни повреди, една со животно загрозувачки повреди, а 17 со полесни повреди, вклучително и еден полицаец.

— реклама —

Обвинителството денеска треба да донесе наредба за спроведување истрага, а приведените ќе бидат испитани за околностите и дејствата за кои се товарат. По тоа ќе биде поднесен предлог за одредување притвор пред надлежен суд во Живинице.

Арнаутовиќ истакна дека повредените се исклучиво учесници од навивачките групи „Торцида“ и „Делије“, додека цивилни граѓани не се повредени, освен еден полицаец кој интервенирал.

Според оперативните информации, членовите на „Торцида“ организирано ги чекале навивачите на Црвена звезда по нивното пристигнување во Босна и Херцеговина. Полицијата на Тузланскиот кантон реагирала брзо и одговорно, при што првично биле задржани 93 лица, од кои 14 останале во притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygdrep5tbii6ab0ADrcD

(Видео) Објавено видео од апсење на навивачите по тепачката на аеродромот во Тузла: Се криеле меѓу куќи, во шума и поток

Свет | пред 2 дена

media-libraryid0kiou0mv3ga7ozFPm

Тепачка кај Аеродромот во Тузла: најтешко повредениот задржан на Клиниката за анестезија и реанимација

Свет | пред 3 дена

media-libraryfqo7r5bp3vhecQCGouZ

(ВИДЕО) Крвава пресметка кај аеродромот во Тузла: Нападнати навивачи на Црвена ѕвезда, 23 повредени и 93 приведени

Спорт | пред 3 дена

media-libraryu8c3abp0b8rv7UIsyxF

Ден на жалост во БиХ и во Црна Гора по трагедијата во Тузла

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања