Промени тема
Контакт

15 лица незаконски организирале онлајн игри на среќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kompjuter

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Тетово, М.А.Ч.(25) од Турција, Б.Б.(30) од Тетово, О.С.(28) од Турција, О.Ј.(23) од Турција, Ј.С.(33) од Тетово, А.Р од Тетово, А.К.(26) од Тетово, Ј.К.(30), М.С.(25) од Тетово, Ш.Н.(22) од Гостивар, Б.Х.(20) од Тетово, Ф.П.(49) од Е.С(23) и А.А(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“.

— реклама —

Правниот субјект и останатите 14 пријавени физички лица во текот на јули 2021 година во простории на правниот субјект организирале и приредувале онлајн игри на среќа без издадена лиценца, односно без дозвола од надлежен орган.

— реклама —
— реклама —

На 29.06.2021, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со претставници од УЈП Тетово и ДПИ Тетово извршиле контрола во објектот и притоа затекнале повеќе вклучени компјутери на кои се играле „Слот игри“, повеќе административни различни панели и на секој од нив имало извршено парични трансфери во турски лири, како и многу клиенти кои контактирале преку „Скајп“ апликација за комуникација и кои биле конектирани на шест ИП адреси во Холандија преку други апликации кои се користат за конектирање на друг компјутер се со цел прикривање на реалната ИП адреса. Притоа, биле одземени осум компјутери, два лап топ компјутери, повеќе ливчиња со упатства на турски и англиски јазик и други предмети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања