150 регионални радија во исто време ќе ја пуштат новата песна на „Парни Ваљак“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
parni-valjak-na

Повеќе од 150 регионални радио-станици во исто време ќе ja емитуваат „Поново”, последната песна на Аки Рахимовскии на тој начин ќе испратат последен поздрав до музичкиот великан. Синглот „Поново”, е на Хсеин Хасанефендиќ Хус и требаше да го најави новиот албум на Парни ваљак и за нивната скорешна голема турнеја…

— реклама —

Кај нас ексклузивно ќе се емитува во 15 часот на шест радио станици. Метрополис Радио Мрежа, Бубамара, Скај радио, Супер радио од Охрид, како и на две интернет-радио станици – Анторис радио и радио Мост во исто време ќе ја објавта песната. Кроација рекордс и „Парни ваљак” во спомен на Аки ја покренаа иницијативата преку која, на посебен начин, се простуваат од Рахимовски.

— реклама —

– Најзначајниот рок бенд на нашите простори со песната „Поново” се збогува со човекот чиј живот беше музиката, кој со својата неуништлива енергија стана синоним за врвен фронтмен и пример за генерации. Аки наеднаш не напушти, но неговиот дух и глас ќе останат засекогаш впишани во сите нас кои пораснавме со „Парни ваљак”, се заљубивме, се смеевме и плачевме, се вели во заедничкото соопштение на Кроација рекордс и на „Парни ваљак”.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања