Промени тема
Контакт

16 милиони евра платила државата за кражбата на струја за само еден месец, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja-4

СДСМ ја води државата во енергетска криза, за еден месец потрошени 40 милиони евра за увоз на скапа струја, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„16 милиони евра платила државата за кражбата на струја од европската мрежа за само еден месец, дополнително се реализирани сет на купувања на струја од над 11 милиони евра и уште едно десетдневно резервирање од 12 милиони евра.

— реклама —

Цената по која власта купува сега струја е и над 250 евра по мегават. Тоа е и над 5 пати од производствената цена на струјата во РЕК Битола или другите домашни капацитети.

Но, наместо во РЕК, каде струја не се произведува затоа што од ЕЛЕМ и претпријатието не ископаа на време јаглен, сега се увезува скапа струја и се полнат приватни џебови.

— реклама —

Стопанството веќе ја чувствува скапата струја. Домаќинствата допрва ќе го почувствуваат ударот. И на сето тоа ни се заканува и растечка инфлација и обезвреднување на парите. Стандардот на народот е се помал.

— реклама —

Оваа власт на водена од кадрите на Заев не може да ја смени сликата и црната реалност. Затоа потребни се брзи избори и нова влада која ќе знае како да ја извади државата на вистински пат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања