160 сообраќајни прекршоци во Скопје, 77 за брзо возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
policija-1

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

— реклама —

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77, девет санкции за возење без возачка дозвола, две за недавање првенство на минување на пешаци.

— реклама —

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, две за непрописно престројување, три санкции за нерегистрирани возила, две за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 31 мерка за непрописно паркирани возила.

— реклама —

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања