Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

18 пожари се активни, ама постојано има појава на нови жаришта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Tan2021-8-3_183236530_0-1068x712

Предмалку до Центарот за управување со кризи имало пријава за пожар во Дебрца, Охридско. На лице место интервенираат од Шумското стопанство и противпожарни единици од Дебар и Охрид. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше и за нов пожар во Светиниколското село Богословец каде се изгорени и четири куќи, но за среќа нема повредени и жртви. Околу 18 пожари се активни во моментов на територијата на земјава, но ситуацијата се менува од минута во минута и за неполн час се пријавени седум нови пожари.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи на прес-конференцијата во 17 часот, причина за ваквата алармантна ситуација се високите температури и силниот ветер кој го отежнува гасењето. На терен во моментов се 300 војници на Армијата, пожарникарските екипи и се користат сите други материјални ресурси.

— реклама —

Марија Милкова, помошник раководител на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи рече дека во моментот најризично е во делкчевско-пехчевскиот регион каде се зафатени неколку маала во селото Нов Истевник, Делчевско, каде има зафатено три куќи и при плевни.

— реклама —

„Во делчевскиот регион во текот на денот интервенираа и четири хеликоптери, има 200 војници ангажирани, ресурни од јавните комунални претпријатија, противпожарните бригади, помошта од Бугарија. Во Пехчевскиот дел пожарот е уште активен, загрозени се селата Робово, Умлено и Чифлик. Патот е затворен. Таму се и силите од Словенија, кои се распоредени и во атарот на селата Ценик и Негрево кои исто така се загрозени. Во моментов на терен дејствуваат три хеликоптери од Србија кои дојдоа на помош“, информираше Милкова.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања