19 сообраќајки изминатиот викенд, 10 лица со телесни повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во девет сообраќајни незгоди од вкупно 19 што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 10 сообраќајни незгоди е причинета матерјална штета.

— реклама —

Според податоците на МВР, полицијата исклучила од сообраќај 144 возачи кои се движеле со поголема брзина, тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 58 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест почетници.

Полицијата од сообраќај исклучила седум технички несправни возила и 42 нерегистрирани возила.

— реклама —

Евидентирани биле и 163 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 153 возила.

Казнети се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување, 11 за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, десет за не носење сигурносен појас  за време на управување на моторно возило и 33 за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања