1 јануари 1999 год. 11 членки на Европската унија го воведоја еврото како валута. Лидерите на ЕУ ја истакнаа важноста на заедничката валута, но во овие 20 години истата поминува низ турбулентни времиња.
Еврото преживеа неколку поголеми премрежја, вклучувајќи ги и потешкотиите во периодот на неговото пуштање во оптек, финансиската криза во 2008 и должничката криза во еврозоната која кулминираше со интервенционизам во неколку држави.
Некои аналитичари сметаат дека превирањата и издржливоста на еврото ја зајакнаа валутата и ја направија помалку подложна на идни проблеми, други забележуваат дека еврото ќе остане ранливо без натамошна интеграција.
Валутата не беше веднаш прифатена и кај многу земји нејзиното воведување беше доживеано како несакано зголемување на цените. Во Германија еврото дури доби и прекар “teuro”, што на германскиот значи – скапо.
Еврото нкао валута денеска ја користат 340 милиони луѓе во 19 држави во ЕУ и тоа: Австрија, Белгија, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Грција, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија.
Испитувањето на јавното мислење спроведено во ноември од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) покажа дека 74 проценти од еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ, а 64 проценти изјавиле дека тоа е добро за нивната земја.
Другите членки на ЕУ за да го користат еврото треба да ги исполнат предвидените монетарни услови.