Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

„20 години Хари Потер: Враќање во Хогвартс“ повторно ја обединува актерската екипа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
harry-potter-20th-anniversary

Оваа година се одбележува 20-годишнината од премиерата на „Хари Потер и каменот на мудроста“, првиот од серијалот филмови за малиот волшебник, базиран на книгите на Џ. К. Роулинг.

— реклама —

По најавата по повод 20 години од излегувањето на првиот филм, „Ејч-би-о гоу“ го објави трејлерот за најмагичното обединување на колективот досега.

— реклама —

На специјалната средба, со наслов „20 години Хари Потер: Враќање во Хогвартс“, се вратија познати лица со кои пораснаа фановите.

— реклама —

Покрај ударната тројка од осумте филма – Даниел Ретклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт – тука се и Том Фелтон, Метју Луис, Хелена Бонам Картер, Роби Колтрејн, Џејсон Ајзакс, Гери Олдмен, Џејмс и Оливер Фелпс, Марк Вилијамс , Бони Рајт, Алфред Енох, Евана Линч, режисерот Крис Кулумбус и други.

Специјалната програма ќе содржи разговори помеѓу членовите на актерскиот тим, детали за нивните искуства на снимањето и детаљни интервјуа.

И покрај тоа што поминаа две децении, светот на волшебниците сè уште е силен со третиот филм „Фантастични ѕверки“, што ќе излезе во 2022 година, можен филм The Cursed Child („Проколнатото дете“) и потенцијална нова серија во подготовка.

Авторката на романите за Хари Потер, Џ. К. Роулинг, предизвика многу фанови да се откажат од својата поддршка за серијалот по нејзините трансфобични твитови во 2020 година. Роулинг нема да биде во специјалото реобединување и ќе се појави само во архивските снимки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања