Промени тема
Контакт

2023 казни изминатите три дена, 362 за брзо возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
policija

Во изминативе три дена од оваа работна седмица (19./20./21.05.2025) во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени вкупно 2023 платни налози.

„Според статистичката евиденција по однос на сторените прекршоци согласно од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму меѓу најбројните се прекршоците на непрописно паркирање 508, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 362, како и 165 мерки за прекршоците по основ на возење без возачка дозвола.

— реклама —

Покрај ова, во изминатите три дена беа изречени и 127 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 55 санкции за возачите на мотоцикл по основ на неносење заштитна кацига. Исто така во 18 случаи санкционирани биле возачи под дејство на алкохол,  шест мерки се изречени за минување на црвено светло, додека пак по основ на неносење сигурносен појас изречени се 121 санкција, а по основ на користење мобилен телефон при возење 99 мерки.

— реклама —

Согласно, пак, Законот за возила, од сообраќај се исклучени 50 нерегистрирано возило како и 12 технички неисправни возила.

— реклама —

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn0aee5oibrlpcJpDrhJ

Сузбиена криминална група за криумчарење и корупција: Одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и цигари

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
bolnica

35-годишник со тешки повреди: Од болницата каде што лежел рекле дека паднал од кревет, тој тврди дека бил нападнат од болничар

Македонија | пред 13 часа

media-librarygptvjv6fu3991qI9BV2

Жена нападната од сопругот во двор на црква

Македонија | пред 13 часа

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Седум возачи уапсени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања