Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

21-годишна девојка почина по каснување од оса на грчки остров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
plaza-grcija

Трагичен настан го потресе грчкиот остров Евија, каде 21-годишна девојка го загуби животот откако била касната од оса.

— реклама —

Според грчките медиуми, младата девојка во несвесна состојба била итно пренесена во Здравствениот центар во Псахна, каде медицинскиот тим веднаш започнал интензивни обиди за реанимација. И покрај неколкучасовната борба на лекарите, таа не успеала да се избори и била прогласена за почината.

— реклама —

Членови на нејзиното семејство изјавиле дека непосредно пред да ја изгуби свеста, девојката била касната од оса. Засега не е официјално потврдено дали смртта настапила како последица на силна алергиска реакција.

— реклама —

Поради сериозноста на случајот, на местото биле повикани полициски службеници, а по наредба на обвинителството, телото на починатата е пренесено во регионалната болница во Халкида, каде ќе биде извршена обдукција.

— реклама —

Резултатите од судско-медицинската анализа треба да ја утврдат точната причина за смртта и да ги разјаснат сите околности поврзани со оваа трагедија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 12 часа

— реклама —
uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 1 ден

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 3 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања