Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во Солун

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
police_457542992-1-1021x580

Млада девојка од Македонија е пронајдена почината во стан во областа Неаполи во Солун, објавуваат грчките медиуми.

— реклама —

Според информациите, нејзиното семејство неколку дена не можело да стапи во контакт со неа, по што близок роднина заминал до станот во кој престојувала. Таму ја пронашол без знаци на живот и веднаш ги известил грчката полиција и надлежните служби.

— реклама —

Според првичните информации објавени од грчкиот портал Thestival.gr, досегашните наоди упатуваат дека смртта најверојатно настапила како последица на болест или природен процес во организмот.

При извршената обдукција, засега не се пронајдени траги што би укажувале на кривично дело. Надлежните ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да ја утврдат точната причина за смртта.

— реклама —

Грчките медиуми наведуваат дека девојката, која имала потекло од Македонија, претходно била пријавена за исчезната откако семејството не успеало да воспостави контакт со неа. Истрагата за случајот продолжува, а се проверуваат сите околности поврзани со нејзината смрт.

— реклама —

Според неофицијални информации, девојката била од Прилеп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9hmkam6skofibBBSAug

Се забрзува изградбата на капацитети за складирање струја во Грција

Балкан | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 1 ден

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 2 дена

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања