23 сообраќајки во Скопје, едно лице со тешки телесни повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
soobrakajka

Во текот на изминатите денови (08, 09 и 10.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 82 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 73 возачи од кои: 25 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 39 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и девет возачи затоа што биле возачи-почетници.

— реклама —

Исто така, исклучени од сообраќај се и 40 возила бидејќи 37 биле нерегистрирани и три возила биле технички неисправни. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, осум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, 19 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 22 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатите денови издадени се 253 мандатни платни налози и 157 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатите денови се случиле 23 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 19 лица поминале со телесни повреди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања