Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 25 сантиметри, а потоа во Маврови Анови – пет сантиметри.
Најстудено утрово било во Скопје-Петровец, Тетово, Берово и Куманово со измерени минус три степени Целзиусови и во Штип и Струмица со измерени минус два степени. Најтопло било на Попова Шапка, каде се измерени пет степени Целзиусови.
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, а утрово по котлините вдолж Повардарието има појава магла, најмногу во источниот дел од Скопската котлина со намалена видливост до 200 метри. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец, а во северозападните планински подрачја умерен до засилен ветер од западен правец.