Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

26-годишен дечко живее во палата од 83 милиони долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
7bbb18aa95c845d8af50f8f1ccda8027_md

Има нов милијардер од 20 и нешто години и тој живее во куќа што би ја зацрвенела дури и Кајли Џенер – хациенда на врв на рид со поглед од 83 милиони долари.

— реклама —

Оваа градба - која изгледа како тврдина на врв на планина од филм со Џејмс Бонд - му припаѓа на Остин Расел, 26-годишниот основач на компанијата „Луминар“.

— реклама —

— реклама —

Шоубиз медиуите објавија фотографии на кои се гледа како ги троши своите пари – на имот со површина од 20.000 квадратни стопи (1.858 квадратни метри) во раскошната населба Пацифик Палисадес, Лос Анџелес. Има 6 спални соби и 18 бањи, но најдобра карактеристика е необичниот поглед.

А што се однесува до тоа како едно толку младо момче може да си го дозволи ова, „Форбс“ го има одговорот - тој е најмладиот милијардер во светот со нето вредност од 1,7 милијарди долари, убава сума што ја заработи кога „Луминар“ излезе на берза пред една година.

26-годишниот технолошки вундеркинд е извршен директор и основач на компанијата пионер во автоматизација на самоуправувачки возила.

„Луминар“ развива технологија за автономни возила, поточно, радарски сензори врз база на ласер. Сензорите помагаат автономните автомобили да можат да „гледаат“ околу нив со одбивање на ласерските зраци од предметите во нивната околина.

„Луминар“ излезе на берза минатиот декември, со што Расел стана милијардер преку ноќ. „Форбс“ потоа го круниса за најмлад милијардер во светот кој сам го стекнал своето богатство. Денес, публикацијата проценува дека нето вредноста на Расел надминува 1,7 милијарди долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања