Промени тема
Контакт

26 случаи на западнонилска треска во Македонија, ИЈЗ смирува: „Нема место за паника, но граѓаните да бидат внимателни“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarynmp6s3skj7afeWTVXEX

Во Македонија досега се регистрирани 26 случаи на западнонилска треска, од кои 25 се во Скопје и еден во Велес. Најголем дел од заболените се лица постари од 60 години, поради што повозрасната популација се смета за особено ризична.

— реклама —

Директорот на Институтот за јавно здравје, Андовски, апелира граѓаните да бидат внимателни, но да немаат причина за паника. ЦЈЗ Скопје прогласи епидемија во повеќе скопски општини и населени места, меѓу кои Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери.

— реклама —

Досега е регистриран и еден смртен случај како последица на компликации поврзани со инфекцијата.

Надлежните препорачуваат граѓаните да преземат мерки за лична заштита од комарци. Се советува редовна употреба на репеленти, носење светла и покриена облека, како и избегнување подолг престој на отворено во периодите кога комарците се најактивни.

— реклама —

Дополнително, се препорачува отстранување на застоената вода од дворовите и околината, бидејќи таквите места се погодни за размножување на комарците.

Состојбата, според надлежните, се следи континуирано, а јавноста ќе биде информирана за новите податоци и евентуалните дополнителни мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 2 седмици

media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ

70 случаи на западнонилска треска во Македонија, прв случај регистриран во Тетово

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања