До 18 часот денеска, на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи. Од нив, шест се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 20 се изгаснати.
Активни пожари се бележат во општините Македонски Брод (подрачјето „Јасен“ и меѓу селата Девич и Грешница), Јегуновце (помеѓу Рогачево и Јажинце), Брвеница (меѓу Челопек и Милетино), како и два во Кичевско – кај селата Аранѓел и Мало Церско.
Под контрола е пожарот кај „Октишка Краста“ во Струшко, додека 20 пожари на различни локации низ државата се целосно изгаснати.
Најчести се опожарувањата на ниска вегетација, стрништа и шумски површини, а во повеќе случаи гореле и депонии.