Промени тема
Контакт

30 дена притвор за директорката и шефовите од Гостивар по фекалиите во водата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarymdlmdbolll30biWmOd7

Основниот суд во Гостивар им определи 30-дневен притвор на тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во градот, прифаќајќи го предлогот на Основното јавно обвинителство Гостивар.

Мерката притвор е определена за вршителката на должност директор на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Даути, и техничкиот директор на претпријатието, Леон Мезини.

— реклама —

Обвинителството ги товари за тешки дела против животната средина и природата, поврзани со загадување на вода за пиење, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку четири години.

— реклама —

Истрагата беше отворена по пријава за загадување на водата во Гостивар, по што беа извршени проверки на терен, обезбедена документација од ЈП „Комуналец“ и земени мостри од повеќе локации. Анализите покажаа присуство на колиформни бактерии на една од испитуваните точки, како и зголемена концентрација на хлор во еден од примероците.

— реклама —

Од Обвинителството претходно најавија дека истрагата е во тек и дека не е исклучена можноста таа да биде проширена и со други лица доколку бидат обезбедени дополнителни докази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања