Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

32-годишник доживеал срцев застој по скок во ледена вода во Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
media-library53b3df214ta5dMFvp79

Излет на планината Олимп во Грција завршил трагично за 32-годишен маж, кој го загубил животот по скок во природен базен со многу студена вода.

— реклама —

Според грчките медиуми, несреќата се случила во неделата (2 август), кога тој заедно со двајца пријатели пристигнал на локалитетот „Црвена Карпа“ во кањонот Орлиас, на надморска височина од околу 650 метри. По скокот во водата, најверојатно поради наглата промена на температурата, мажот доживеал срцев застој, а потоа се удавил.

— реклама —

Неговите пријатели веднаш побарале помош преку бројот 112. На местото интервенирале 14 пожарникари, кои по повеќе од два часа движење низ тежок и непристапен терен успеале да го извлечат.

— реклама —

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Катерини, каде што лекарите само ја констатирале неговата смрт.

— реклама —

Надлежните служби спроведуваат истрага за сите околности на несреќата. Според првичните сознанија, се претпоставува дека екстремно студената вода предизвикала срцев застој, додека конечната причина за смртта ќе биде позната по обдукцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 7 часа

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања