Промени тема
Контакт

35 години работа уништени за неколку часа – менаџментот на „Макпрогрес“ најави експресна реконструкција

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-09-07-at-09.26.05

Изгорените производствени линии на фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес Винчини“ од Виница експресно ќе бидат обновени, а сите вработени ќе се вратат на работа, соопшти менаџментот на компанијата. „Стихијата беше огромна и направи уште поголеми штети, но уште од денес работиме производството да се обнови итно. Дел од вработените ќе бидат ангажирани во преостанатите погони“, изјавија од „Макпрогрес Винчини“ за штипската ТВ Стар.

Во катастрофалниот пожар синоќа до темел изгореа три производствени погони, два магацини полни со стока и административниот дел од фабриката, во која работат вкупно 500 лица. „Макпрогрес Винчини“ е најголемиот стопански објект во општина Виница, а уништувањето на фабриката ќе има последици и за соседните општини Кочани и Штип, бидејќи од таму доаѓаат не само вработени, туку и бројни кооперанти кои ја снабдуваат фабриката со суровини. Според ТВ Стар, сопствениците велат дека штетата е милионска, а точната сума ќе биде позната откако проценителите од осигурителните компании ќе излезат на терен. Стопанската комора најави формирање кризен штаб заедно со сопствениците.

— реклама —

„Вчеравечер околу 19:20 часот, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески беше известен од сопственикот на ‘Макпрогрес’ Виница, Глигор Цветанов, дека во фабриката има пожар. Веднаш беше алармирана Владата, премиерот, како и вицепремиерот и министерот за транспорт, кои ги дадоа потребните наредби за спасување на целокупната фабрика, но и покрај интензивните активности, мора да се констатира дека три клучни погони се целосно уништени. Комората презема активности за целосно нормализирање на состојбите“, се вели во соопштението.

— реклама —

„Макпрогрес Винчини“ е основана пред 35 години и е водечки производител во кондиторско-пекарската индустрија во Македонија. Компанијата извезува 75% од своето производство во 55 држави, а лани остварила извоз во вредност од 35,8 милиони евра. „Макпрогрес“ има повеќе од 750 вработени и покрај „Винчини“ произведува уште пет брендови, меѓу кои „Сончева долина“, „Натура“, „Дониа“ и „Фантазија“.

— реклама —

Вкупно 18 лица беа примени во кочанската Општа болница со повреди во пожарот, дел од нив се задржани таму, а дел беа препратени на скопските клиники. Сите се во стабилна состојба. При неколкучасовната интервенција на пожарникарите, дел од нив добиле изгореници на стапалата откако се заглавиле во стопена смола од шеќер во еден од погони. Министерството за здравство соопшти дека хоспитализирани се една пожарникарка во Клиничката болница во Штип, четири пожарникари во Кочани и осум вработени на Клиниката за токсикологија во Скопје, и сите се во стабилна здравствена состојба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfqb5bbcc2flk5RmNtwX

20 пожари во 24 часа: Изгаснати 19, еден под контрола кај Белица

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g

Пожарот кај Белица и понатаму под контрола

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

До 18 часот регистрирани 11 пожари на отворен простор, два сè уште активни

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvf6i6m4djo252DC3f6p

ЦУК: 14 пожари на отворен простор, пожарот кај Борино останува активен

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања