35 вработени во Обвинителство без здравствено осигурување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
obvinitelstvo1

Триесет и пет вработени во Вишото скопско обвинителството од кои десет обвинители три месеци се без здравствено осигурување, дознава Алсат.

— реклама —

„Од први јануари годинава тие не фигурираат во системот на Фондот за здравство. Вработените се соочиле со овој проблем кога побарале лекарска помош. Проверката во системот на Фондот за здравство од матичните лекари покажала дека не се осигуреници. Поради овој проблем без здравствена заштита останале и нивните деца кои биле осигурани преку нив. Имало и обвинителите кои имале закажано хируршки зафати, но биле приморани да ги одложат, бидејќи не сакале или не можеле да ја платат приватно услугата“, објавува телевизијата.

— реклама —

Основното јавно обвинителство потврди дека има административен пречки и дека колегите од вишото обвинителство се без здравствено осигурување.

— реклама —

И од Фондот за здравство потврдија дека постои ваков проблем. Од стартот на годинава дел од вработените во Вишото скопско обвинителство не се водат како осигуреници и не можат да се лекуваат во болниците на товар на фондот. Како што дознава Алсат, проблем се јавил бидејќи на само една вработена не и било платено здравственото осигурување.

— реклама —

„Поради неа, системот не ги евидентирал останатите уплати и сите вработени биле ставени во ист кош, па останале без осигурување и без можност да се лекуваат во државните болници и да ги користат услугите за кои одделуваат пари од нивната плата“, пренесе Алсат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања