„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

360° истражува дивоградба во Бутел: Во саботата градежни активности, по снимањето истите се срушени - но кој гради?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
divogradba2

Во Скопје се гради на секој чекор. Но, не секаде е по пропис. Еден куриозитет, пред очите на сите, се случува на улицата „Ферид Бајрам“ 48 во скопски Бутел. Пред зграда на таа адреса, на паркингот, во неколку наврати некој се обидува да го „присвои“ просторот и да гради во продолжение на дел од станбениот објект. Не само што намената на спорната парцела 551/2 е за зеленило, според деталниот урбанистички план, туку и земјиштето е државно, објави 360stepeni.mk

— реклама —

Адвокатот на еден од засегнатите сопственици на имот во станбената зграда, Еленко Миланов, вели дека обидот да се гради трае од 2019 година со тргни-застани динамика. Последен пат работници на терен се забележани во саботата, по празникот Рамазан бајрам.

Појавувањето на камерата на 360stepeni.mk како да ја смени целата приказна која трае повеќе од две години, и тоа за само три дена.

— реклама —

Во саботата се регистриравме градежните активности на парцелата за која со увид во податоците од катастарот утврдивме дека навистина е во државна сопственост. Неколкумина мајстори работеа на изградба на бетонската плоча, откако веќе ги изградиле столбовите.

Од Министерството за внатрешни работи потврдиле дека имале интервенција по пријава при крајот на минатата година и дека било легитимирано едно лице. Неофицијално, извори од МВР велат дека полицајците од СВР Чаир го легитимирале лицето Агрон Халими, во јавноста познат како сопруг на градоначалничката на Арачиново, Меликие Халими. Во телефонски разговор со „360 степени“, Халими негира дека гради на посочената локација и вели дека неговото име никаде не фигурира како инвеститор на градба. Кој точно гради, прашавме и во Општина Бутел. Но, и градоначалникот Велимир Смилевски тврди дека не знае. Иако, додава, не е првпат да има обид да се постави бетонска конструкција на оваа локација.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk

фото:  360stepeni.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања