Промени тема
Контакт

4 дена нема одговори од СДСМ дали Ковачевски преговара со Бугарија и за Делчев?, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
25012022_PVRSM_Kovacevski_PVRB_Petkov_zaednicka-sednica_2

„СДСМ на чело со пиунот Ковачевски не се одважи и не ја поддржа Декларација за Гоце Делчев поднесена во Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Со одбивањето на оваа Декларација се отвора сериозен сомнеж дека Ковачевски со Бугарија преговара за Гоце Делчев, а со тоа и за целокупната револуционерна борба за македонска државност“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

— реклама —

„СДСМ веќе 4 дена не одговори што е спорно за нив во Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Не одговорија дали за нив е спорно што со Декларацијата се бара да се спроведат активности во училиштата со кои учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев, или пак за нив е спорен повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод јубилејот.

— реклама —

Ги повикуваме СДСМ да ја прочитаат Декларацијата поднесена во Собранието. Воедно да се вразумат и да се откажат од брзоплетите реакции и да ја прифатат оваа Декларација се со цел да се заштити ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

— реклама —

Очекуваме национално единство и донесување на оваа Декларација по повод 150 годишнина од раѓањето на Делчев“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања