„Неспособноста на Шилегов се гледа и во тоа што 40 минути немаше екипи за гаснење на пожарот додека гореа бараките на судот. Главните прашања на кои треба да се одговори, дали станува збор за подметнат пожар на местото каде треба да се изградат згради? И дали во бараките има документација која уплашената власт во заминување ја уништува?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за пожарот.
ВО ЖИВО: Противпожарните екипи не можат да го изгнасат пожарот близу Томче Софка, се прави се да не се прошири
Засега нема информации како настанал пожарот близу Томче Софка, кој избувна во напуштена барака каде порано беше Судот за прекршоци. Пожарната се обидува да се избори со огнената стихија.
Скопје | пред 4 години
ВИДЕО: Огромен пожар во Градскиот парк во Скопје
Пожар попладнево изби во старите бараките каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Со пожарот се зафатени сите бараки, кои сега се празни, но околу нив се наоѓаат други објекти и ресторани и постои опасност и тие да бидат зафатени.Противожарната екипа е на терен и веќе го гаси пожарот со четири протипожарни возила.Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека се работи за поголем пожар и оти на терен ќе бидат испратени дополнителни возила.Причината за пожарот се уште не е позната, како ни дали има повредени.Пожарот е пријавен околу 16 часот.
Скопје | пред 4 години