Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

„400 возила 4 години не плаќале паркинг низ Скопје“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
parking-1

Дали над 2 милиони евра пари на скопјани е штета од ослободувањето од плаќање паркинг за функционерите на СДСМ и ДУИ, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„400 возила 4 години не плаќале паркинг низ Скопје, прибележани во ЈП Градски паркинг со регистарски таблички, марка и модел, но сите на 3 имиња, Борче Јакимовски и Владимир Кроневски, директори од ДС во тоа претпријатие за време на СДСМ.

Дали зад овие имиња се криеле Мартин Попов, шеф на кабинет на Димитар Ковачевски, Златко Марин, Миле Зечевиќ и други високи функционери на власта?!

— реклама —

ДС по овој систем функционира како приврзок на СДСМ и ДУИ. ДС преку своите директори го помагаат криминалот на СДСМ и ДУИ.

Дали ова незаконско работење граѓаните на Скопје ги чинело над 2 милиони евра. Пари кои требало да легнат на име на претпријатието доколку овие функционери си го плаќале паркингот, а не да бидат ослободени?!“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања