47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 19-25 септември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Магазин
media-library2bqvk64kflgc5vqaLgk

ИФФК „Браќа Манаки“, првиот и најстар фестивал во светот посветен на креативноста на кинематограферите, го најавува своето 47. издание, кое ќе се одржи во Битолa, од 19 до 25 септември 2026 година. Подгответе се за многу незаборавни дружења со реномираните светски кинематографери и разговори за седмата уметност.

— реклама —

Од своето основање во 1979 година, овој фестивал сведочи за уметноста на кинематографијата, славејќи ги пионерите на филмската камера од Балканот, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки.

— реклама —

На 47. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во текот на седум дена, посетителите можат да очекуваат исклучителен избор на играни филмови, документарни филмови, кратки филмови и студентски филмови кои пленат, инспирираат и предизвикуваат.

— реклама —

Покрај извонредните пет натпреварувачки програми, фестивалот се гордее со својот Клуб на великаните.

Низ годините, плејада кинематографери од светски глас беа добитници на престижните награди. Лауреатите на Манаки се врвни мајстори на филмската фотографија, чии епохални остварувања ја разбранувале филмската индустрија. И годинава ќе бидат доделени наградите: Златна камера 300, Сребрена камера 300, Бронзена камера 300, Железна камера 300, Мала камера 300 и Кристална камера 300, како и почесните награди: Златна камера 300 за животно дело во кинематографијата, Специјална Златна камера 300 за извонреден придонес во светската кинематографија, Златна камера 300 за креативна синергија и Голема ѕвезда на македонскиот филм што ја доделува ДФРМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycum50u98lajv2viszwy

Златна камера 300 за животно дело за Дариус Конџи на „Браќа Манаки“

Магазин | пред 4 месеци

Rakata-na-gospod

Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања