Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Златна камера 300 за животно дело за Дариус Конџи на „Браќа Манаки“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
media-librarycum50u98lajv2viszwy
YouTube Print Screen

Со свечена церемонија во Битола синоќа беше одбележана доделувањето на највисокото признание на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Лауреатот, францускиот кинематографер Дариус Конџи, ја доби наградата Златна камера 300 за животно дело, која му ја врачи министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

— реклама —

Првите честитки Конџи ги доби од министерот Љутков и директорот на фестивалот Димитрија Доксевски.

„Останав без зборови. Ви благодарам бескрајно. Среќен сум што сум во Битола да ја примам оваа прекрасна награда и сакам да и ја посветам на мојата сопруга Мариен за целата нејзина поддршка,“ рече Конџи на фестивалската свеченост.

— реклама —

Добитникот на годинашното признание зад себе има импресивна кариера соработувајќи со врвни режисери како Жан-Пјер Жене, Дејвид Финчер, Бернардо Бертолучи, Михаел Ханеке, Роман Полански, Дени Бојл, Нил Џордан, Сидни Полак, Вуди Ален, Џејмс Греј, Бонг Џун-хо, Вонг Кар-Ваи, Алехандро Гонсалес Ињариту, Ари Астер и браќата Сафди, создавајќи неповторливи филмски дела.

„Дариус Конџи е врвен естет кој по сите критериуми ја заслужи Златната камера 300 за животен опус,“ истакнаа организаторите на фестивалот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Rakata-na-gospod

Со филмот „Раката на господ“ на Паоло Сорентино ќе се отвори фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања