Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

55 случаи на западнонилска треска, 19 лица се хоспитализирани на Инфективна – смртноста е над 11%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryg368h3odta16079fbCM

Во земјава досега се евидентирани 55 случаи на западнонилска треска, од кои 53 се лабораториски потврдени, а два се сè уште непотврдени, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

Од заразените, 52 лица биле хоспитализирани, а едно лице не било задржано на болничко лекување. Во моментов на Клиниката за инфективни болести се наоѓаат 19 пациенти, од кои 17 со потврдена инфекција и двајца кај кои случаите сè уште не се потврдени. Според Клековски, разликите во бројките се должат на различните временски периоди на кои се однесуваат податоците.

— реклама —

Досега смртноста од ова заболување изнесува 11,5 проценти. Просечното болничко лекување трае 14 дена, при што најдолгиот престој бил 29 дена, а најкраткиот осум дена.

Најголем број пациенти на Клиниката биле регистрирани на 12 август, кога имало 24 хоспитализирани. Најголемиот број хоспитализации бил забележан во периодот од 3 до 24 август. Меѓу пациентите има значително повеќе мажи – четири пати повеќе од жените, а сите досегашни смртни случаи се кај мажи.

— реклама —

„Прва хоспитализација имавме во мај, потоа повеќе недели немаше случаи. Регистриран случај имавме на крајот на јуни, а растот започнува на 13 јули. На 18 јули Институтот за јавно здравје го издаде извештајот и започнаа да се спроведуваат мерките“, рече Клековски.

Министерот посочи дека во периодот по 24 август се регистрирани три потврдени и два непотврдени случаи, со вкупно пет хоспитализации. Тоа е помалку во споредба со девет до 11 хоспитализации неделно во претходните три недели.

— реклама —

Во меѓувреме е забележана и промена во местата од каде што доаѓаат новите случаи, односно тие се појавуваат во северниот и североисточниот дел на Скопје.

Клековски информираше и дека уште еден гавран бил позитивен на западнонилска треска. Птицата била пронајдена во Карпош, во близина на Драмскиот театар, што е трет регистриран позитивен гавран.

— реклама —

Тој ги повика граѓаните да не пријавуваат целосно распаднати птици, бидејќи од нив не може да се направи тестирање. Наместо тоа, апелот е вниманието да биде насочено кон мртви гаврани, особено надвор од Скопје.

„Ќе се обидеме да се фокусираме на мртвите птици надвор од Скопје, бидејќи во Скопје ја знаеме состојбата“, додаде министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања