По 60.000 денари парична помош ќе им бидат доделени на семејствата на починатите пациенти во пожарот што се случи синоќа, во кој целосно изгоре тетовската модуларна болница во Тетово, соопштија од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), изразувајки длабоко сочувство до семејствата на починатите.
Како што информираат, Агенцијата на денешната седница донесе Заклучок за доделување еднократна финансиска помош за семејствата на починатите лица во пожарот во модуларната болница за ковид пациенти во Тетово, во висина од 60.000 денари по семејство.
Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на РСМ.