Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

63 годишниот маж почина, а од ЦУК велат „Од зборови на дело“, почна работата на Комисијата за случајот спасување во Кратовско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaveano-lice-3

Со наслов, „ЦУК: Од зборови на дело – почна работата на Комисијата за случајот спасување во Кратовско“ од Центарот за управување со кризи се обратија до медиумите во 13:24 часот (повеќе од 6 часа откако спасуваниот почина во штипската болница).

— реклама —

63-годишниот маж имал мозочен удар, лежел надвор, а неколку часа го греела и одржувала во живот 90-годишната мајка. Поради тешката здравствена состојба и тешко мозочно крварење, кратовчанецот почина утрово околу 7:00 часот во болницата во Штип.

Еве го соопштението на ЦУК испратено во 13:24 часот.

— реклама —

-Денеска, (06.04.2021), како и што најави на вчерашната прес-конфернција, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, почна со работа, вчерашно формираната, Комисија за утврдување на правилност во примената на СОП за работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово (5/8) и Куманово (7/24). Тоа е дел од преземените активности на ЦУК, заради целосно расветлување на случајот на координаијата а давањето помош на медицинскиот тим во Кратовско којшто го спаси премрзнатиот сточар од с. Емирица.

Комисијата, како што нагласи Ангелов, детално ќе го испита овој случај и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај нас во ЦУК или во другите институции од Системот за управување со кризии, за истите да бидат надминати во иднина.

Центарот за управување со кризи, ЦУК, помина од зборови на дело – почна работата на Комисијата за случајот спасување премрзнато лице во Кратовско што предизвика големо внимание во јавноста и што отвори повеќе прашања во општеството. ЦУК, во рамки на своите надлежности работи за да се зголемат сестрано можностите, процедурите и капацитетите во системот за управување со кризи коишто се важни за спасување на животи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања