Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

65-годишник од Виница возел мртов пијан: Удрил во паркирани возила, патна сигнализација и бетонски ѕид, па избегал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 минути -

Македонија
media-librarypkffqec7e2am1lN7wc5
unsplash / Фото: Илустрација

65-годишен жител на Виница бил лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал две сообраќајни незгоди, а потоа ги напуштил местата на настаните.

— реклама —

На 21.11.2026 година, во 22:55 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода С.А. (65) од Виница.

— реклама —

Претходно, управувајќи патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, во селото Јакимово, виничко, тој удрил во паркирано патничко возило „форд“, сопственост на жител на Виница, по што го напуштил местото на незгодата.

Но, тука не завршило неговото неконтролирано возење. Продолжувајќи со движењето, удрил и во поставена патна сигнализација и бетонски ѕид, по што повторно избегал од местото на настанот.

— реклама —

По преземените мерки за пронаоѓање на возачот, полицијата констатирала дека тој управувал под дејство на алкохол. При извршеното алкотестирање му биле измерени 2,12 промили алкохол во крвта.

— реклама —

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library4ujoagr5cgbs9WjYUUZ

Со скалпер се обидела да ограби 18-годишник во Скопје, 24-годишна девојка на распит во полиција

Скопје | пред 2 минути

— реклама —
media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV

Ја следел и ѝ се заканувал дека ќе ѝ ги одземе децата: приведен маж од Тетово

Македонија | пред 7 минути

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Пијан го претепал својот брат со нарушено здравје - полицијата го уапси

Македонија | пред 10 минути

media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Трагедија: Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница, случајот пријавен во полиција

Македонија | пред 12 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања