Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ја следел и ѝ се заканувал дека ќе ѝ ги одземе децата: приведен маж од Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 22 минути -

Македонија
media-libraryof892nk1l8o73pKk1pV
фото: unsplash

49-годишен маж од гостиварско Балиндол бил лишен од слобода откако неговата сопруга, со која се во бракоразводна постапка, пријавила дека ја следи и ѝ се заканува, вклучително и со одземање на нивните две малолетни деца.

— реклама —

На 21.11.2026 година, во 19:00 часот, 38-годишна жена од Тетово пријавила во СВР Тетово дека нејзиниот сопруг Ј.М. (49), со кого е во бракоразводна постапка, подолго време ја следи и ѝ упатува закани.

Според пријавеното, последниот инцидент се случил околу 17:05 часот, кога сопругот дошол во салонот на улицата „Илинденска“ во Тетово, каде што жената била на работното место. Таму настанала вербална расправија, при што тој ѝ се заканувал дека ќе ѝ ги одземе двете заеднички малолетни деца.

— реклама —

За случајот биле известени јавен обвинител од ОЈО Тетово, виш инспектор и Центарот за социјална работа Тетово.

— реклама —

Подоцна, истиот ден, во 21:20 часот, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода Ј.М. (49) на улицата „Илинденска“, зад угостителски објект.

Тој бил приведен поради основано сомнение за сторени кривични дела по член 144 став 3 и член 144-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysj00io2gvei36HbTXyB

МВР со детали за тепачката меѓу таксисти пред скопскиот аеродром

Скопје | пред 1 минута

— реклама —
media-library4ujoagr5cgbs9WjYUUZ

Со скалпер се обидела да ограби 18-годишник во Скопје, 24-годишна девојка на распит во полиција

Скопје | пред 16 минути

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Пијан го претепал својот брат со нарушено здравје - полицијата го уапси

Македонија | пред 24 минути

media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Трагедија: Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница, случајот пријавен во полиција

Македонија | пред 26 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања